МОРБИДНО: Поранешен фудбалер искасапен на делови, ставен во црни вреќи и фрлен во река

Неверојатно убиство во Колумбија.

Поранешниот колумбиски фудбалер Хуан Диего Гонзалез е убиен на морбиден начин, така што неговото тело е распарчено на делови, спакувано во неколку вреќи и фрлено ви реката Меделин во истоимениот град.


Информацијата ја потврди полицијата откако форензичарите го утврдија идентитетот на Гонзалез, а полковникот Омар Родригез, кој е главен инспектор задолжен за расветлување на овој случај, открил дека фудбалерот бил идентификуван по отисоците на прстите.

Покрај телото на поранешниот фудбалер, е пронајдено уште едно тело, на 19-годишшно момче, но засега не се знае на кој начин е поврзано со Гонзалез.

Полковникот Гонзалез истакна дека полицијата немала сознанија дека некој му се заканувал на несреќниот фудбалер, а порталот „Infobae“ пренесува неофицијална информација дека фудбалерот е убиен поради долгови.

Според полицијата и медиумите во Колумбија, начинот на убиството навестува дека тоа е дело на нарко-картелите во Колумбија.

Страшна вест доаѓа од Колумбија, откако пораешниот фудбал Хуан Диего Гонзалез (40) беше пронајден мртов во Меделин, град каде владеат колумбиските картели.

Телото на Гонзалез било распарчено и поделено во неколку вреќи фрлени во река, а форензичарите едвај успеале да го утврдат неговиот идентитет. Според медиумите од оваа земја, Гонзалес е убиен поради долговите што ги имал кон нарко-картелот што оперирал во Меделин.

Тој во кариерата настапуваше за неколку клуба во Колумбија, а има настапувано и во Мексико, и  во Филаделфија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот