МОРБИДНО: Еве без што членовите на кралското семејство не патуваат никаде!

Не е тајна дека животот на членовите на британското кралско семејство е однапред одреден со многу правила и прописи. Но дали сте знаеле дека постојат и правила кои се однесуваат дури и на нивните патувања?

Имено, принцот Вилијам никогаш не смее да патува во ист авион со неговите деца бидејќи така на ризик се ставаат два наследници на круната. Но, тоа правило Вилијам не го почитува.

View this post on Instagram

Happy Father’s Day!

A post shared by Kensington Palace (@kensingtonroyal) on

Членовите на кралското семејство имаат и обврска на патувањата да понесат црна облека, со цел да можат да прикажат тага во случај некој член од семејството да почине додека тие се на пат.

Тие со себе носат и вреќички од нивната крв

Кога станува збор за принцот Чарлс и кралицата Елизабета тие на подолг пат не одат без сопствени вреќички крв за кои се грижи кралскиот доктор кој секогаш патува со нив.

Причината за тоа е секако доколку настане некој проблем и им затреба итна трансфузија, тие секогаш да ја имаат на дофат на рака сопствената крв.

Освен тоа, во куферите на кралицата задолжително се наоѓаат и сапуни со мирис на бор, семејни фотографии, колбаси, џин и низа слични работи… а носи и сопствена тоалетна хартија која е заштитена со печат кој само таа смее да го скрши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот