Морав ПОВТОРНО ДА НАУЧАМ да зборувам, одам и пишувам: ТАЖНА ИСПОВЕД на ШЕРОН СТОУН за случувањето кое засекогаш и го промени животот

profimedia

Шерон Стоун (61) ја отвори душата за застрашувачкиот мозочен удар кој го претрпела во 43-та година од животот и откри некои тажни детали во врска со тоа несреќно случување.

Имено, таа во интервјуто откри дека повторно морала да научи да зборува, да оди и да пишува после тоа. Актерката истакна дека здравствениот хорор, кој го доживеала во 2001 година, и го променил животот засекогаш.

Говорејки за својот проблем, Шерон истакна дека документарниот филм под назив „My Beautiful Broken Brain“ ја погодил поради сопственото искуство.

profimedia

„Во 2001 година имав мозочен удар и деветдневно крварење во мозокот кое засекогаш го промени мојот живот“, изјаи таа. „Имав само пет проценти шанси да преживеам“.

61-годишната Стоун изјави дека ги загубила речиси сите функции на левата страна, и дека и биле потребни повеќе години повторно да ги научи основните вештини. „Кога дојдов дома по мозочниот удар, едвај можев да одам. Мојот колк беше нестабилен. Не можев да гледам на левото око ниту да слушам на левото уво“, раскажа Шерон Стоун.

„Не можев да го напишам своето име речиси три години. Не можев да ја подигнам раката, па морав повторно да научам да читам и пишувам. Морав повторно да научам да зборувам“, истакна таа.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот