Момент кој ретко се гледа – Ѓоковиќ и Надал тренираа заедно во Париз! (ВИДЕО)

twitter.com/theusapost21

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, првиот, односно вториот светски рекет, заедно тренираа пред почетокот на АТП турнирот во Париз.

Двајцата се најдоа заедно во салата „Берси“ каде што од понеделник ќе атакуваат на трофејот во францускиот главен град.

Да потсетиме, српскиот тенисер ќе ја брани титулата, додека Шпанецот не ни учествуваше минатата година.

Ноле во првото коло ќе биде слободен, додека во второто за противник ќе го има подобриот од дуелот Душан Лајовиќ-Ришар Гаске. Со Рафа може да се сретне дури во финалето.

Да потсетиме дека двајцата во изминатиот период играа егзибициски меч, а славеше Надал со 2:1 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот