Надал триумфираше против Ѓоковиќ (ВИДЕО)

twitter.com/TennisWorlden

Претходно претседателот на Казахстан, Касим-Јомарт Токајев ги прими во својата резиденција „Акорда“, двете најголеми тениски ѕвезди Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Токајев им се заблагодари на тенисерите што дојдоа во неговата земја и што прифатија да одиграат егзибициски меч. Тој заврши со победа на Надал со резултат 6:3, 3:6 и 11:9 пред нешто повеќе од 11 и пол гледачи.

– Ова е единствена можност да погледнеме тениски меч на двајца врвни тенисери во Казахстан. Хуманитарниот карактер на овој меч е од екстремна важност. Вашето доаѓање во нашиот главен град е јасен доказ на поддршка на развојот на тенисот во Казахстан. Сигурен сум дека вашата играчка класа ќе инспирира многу млади да тргнат по вашите чекори – рече претседателот на Казахстан, Токајев.

И двајцата тениски асови се заблагодарија на топлото добредојде.

– Ова е мојата трета посета на Казахстан. Секој пат уживав во овој преубав град, но оваа посета е посебна, бидејќи сакав лично да ве запознаам и ја посетам оваа преубава „Акорда“ палата“ – вели Надал.

На Ѓоковиќ исто така му е убаво во Казахстан:

– Благодарност до претседателот, и во тоа што го поддржува тенисот во Казахстан. Навистина ми е мило што можеме да придонесеме за развојот и популаризацијата на тенисот во вашата земја – се зборовите на српскиот тенисер кој веднаш ја искористи можноста да му честита на Надал за венчавката со Марија Франциска Чиска Перељо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот