Момче почина по целодневна работа на 40 степени Целзиусови во Италија

Смртта на 27-годишниот Камаро Фантамади, по потекло од Мали, кој почина по целодневна работа на плантажите, една е од главните теми во италијанските медиуми.

Момчето цел ден работело во поле, на температура од 40 степени Целзиусови, за 6 евра на час.

На пат до дома – паднал, „убиен е од искористувањето на кое се потпира италијанската агрикултура“, изјави синдикалниот активист Џорџо Кемаши.

Весникот „Република“ пишува уште за една жртва на ткн. „капоралат“, односно беспоштедно и робовско искористување на странските работници кои се во мрежата сопственици на плантажи и организираниот криминал.

Работници, по потекло од Мали, покренаа акција за собирање пари за телото на момчето да се транспортира во земјата на потекло, за што се потребни 4.000 евра.

Трагичната смрт на момчето повторно покрена јавна дебата за положбата и искористување на странските работници, но и за смртта на работното место, генерално.

Како и многупати порано, пишува весникот „Фанпејџ“, дури и вака трагичен настан, нема да промени ништо битно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот