Молдавија ги праќа пијаните возачи да работат во мртовечница, мерката се покажува ефикасна

Фото: Профимедиа

Невообичаената пракса воведена во Молдавија во 2019 година, со која луѓето фатени како возат пијани мора под казна работат во мртовечница, се покажуваат како ефикасни, односно бројот на пијани возачи опаѓа.

Земјата има сериозен проблем со пијаните возачи, па затоа властите се надевале дека со новата мерка ќе се намали бројот на луѓе кои го повторуваат прекршокот, пишува „Ревија ХАР“. И оваа мерка навистина донела резултат.

Возачите во Молдавија на кои им е одземена возачката дозвола поради возење под дејство на алкохол, можат да ја добијат назад ако пред сè платат околу 200 евра (просечната плата е околу 270 евра).

Тие треба да му помагаат на медицинскиот персонал во болниците при пружање помош на жртви од сообраќајни несреќи, а кога помошта тука не е потребна, што е многу често, ги препраќаат на друго одделение – во мртовечница.

Програмата започнала во главниот град Кишињев во 2019 година со 6 возачи кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол. Еден од нив се откажал неколку минути откако почнал да помага во мртовечница. Возачите велат дека за нив е многу тешко да работат во мртовечница. За 3 години 600 возачи морале да работат во мртовечница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот