Молчењето е најлошиот ѕид помеѓу партнерите: Срушете го и спасете го вашиот брак

unsplash
Фото: Unsplash

Искрената комуникација, со целосно почитување на ставовите на партнерот, дури и кога не се согласуваме, е основа на добро партнерство.

Стапката на разводи во светот постојано расте. Кимањето со главата, мрморењето, менувањето на темата додека другиот зборува, се некои од првите сигнали што можат да сугерираат дека нешто не е во ред со вашата врска или брак, пишува „Инстајл“.

Паровите повеќе гледаат во мобилните телефони отколку што зборуваат, повеќе сакаат да ги следат животите на ѕвездите, отколку нивните сопствени животи. Кога треба да се зборува отворено за проблемите, сите се уморни.unsplash

Некои студии покажуваат дека во такви ситуации, жените се оние кои први ќе го почувствуваат бракот како „товар“. Мажите, од друга страна, први градат „ѕид на тишината“, се повлекуваат во себе и комуникацијата ја сведуваат на минимум.

„Кога се расправаме, секој го крева носот, ниту се гледаме, ниту разговараме“ – ова е чест случај со честопати се соочуваат психолозите и психотерапевтите за парови.

Прекинот на комуникацијата е еден од сериозните знаци дека нешто не е во ред, кога станува збор за врските. Поставувањето вербални и емоционални бариери е сигурен сигнал дека треба да промените некои работи.

депресија

Не постои ништо полошо од тоа вашата врска да премине во рутина или навика, предупредуваат експертите. Ако сте престанале да комуницирате и разменувате идеи, тогаш вашиот брак полека се „распаѓа“. Добриот брак се заснова на доверба, взаемно почитување и беспрекорна комуникација. Меѓутоа, ако вашиот сексуален и секојдневен однос се базира на рутина, тоа е лош знак.

Психолозите наведуваат дека постојат некои основни теми, за кои треба отворено да се дискутира, а тоа е планирање на иднината, изразување на потребите, проблемите и јасно изразување на личните мислења. Паровите кои уживаат хармоничен однос, исто така, без двоумење зборуваат и за финансии, интимност, спротивности и личен развој.

unsplash

Ако забележите дека поминувате сè помалку време правејќи заеднички активности, не ја чувствувате топлината од вашиот парнер или избегнувате контакт со очите, време е да ги вклучите сите црвени светла!

Најголемиот предатор на бракот

Џон Готман, специјалист за врски, вели дека врз основа на тоа колку е отворена и искрена комуникацијата помеѓу партнерите, резултатот од врската или бракот може да се предвиди со точност од 94%. Тој тврди дека молчењето е најголемиот предатор на брачното заедништво.

Некои истражувања покажуваат дека во 85% од случаите, мажите се оние кои први посегнуваат по „молк“. Студиите сугерираат дека во конфликтите со партнерот, мажите имаат многу позабрзан пулс и повисок крвен притисок отколку жените. Секако, има и жени кои први ќе ја започнат „играта“ на игнорирање и молчење.

Готман предупредува дека во сето ова, многу е важно да се согледа ситуацијата од сите агли. Зошто го правам ова, какви ќе бидат последиците?

Обидете се да откриете дали вашиот партнер едноставно е таква личност, некој што можеби пораснал во семејство каде што имало понизок степен на комуникација. Можеби едноставно не знае или не е во состојба да се отвори и да започне разговор.

Понекогаш е важно да се процени ситуацијата, можеби во тој момент на вашиот партнер не му се зборува. Како што советуваат психолозите, подобро е да почекате и да го започнете разговорот малку подоцна.

Бидете искрени со себе и другите

Разговарајте за конфликтот на мирен и одмерен начин. Дури и кога се расправате за некој проблем, обидувајте се да не користете лични навреди и „ниски“ удари. Кога обете страни ќе бидат свесни за своето однесување и дека понекогаш и најмалите ситници, можат да му наштетат на другиот, може да очекуваат „врска без ѕидови“. Важно е, пред сè, да бидеме свесни за своите маани и доблести.

„Добриот разговор не е како билјард во кој се судираат топчињата, така што неоштетените паѓаат во нивните дупки и со тоа ви носат поени. Тоа е повеќе како вежба во мечување, во која лажните удари носат искуство, односно знаење, без да ризикуваат повреди“, вели писателот Борислав Пекиќ.

Пекиќ пишува дека добриот соговорник секогаш прво мисли на другиот, а потоа на самиот себе.

„Тој се обидува да ја збогати вашата аргументација без да забележите, да го инспирира вашиот ум кон нови перспективи со неговите против-аргументи, вашите вистини со помош на неговите забелешки, да добијат нови аспекти, кои дотогаш, развивајќи се сами за себе, не можеле да ги достигнат, бидејќи добриот соговорник знае дека моќта што тој ја користи за вашата вистина се враќа на неговата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот