Моќна аудио-визуелна инсталација „Ноксиа“ премиерно пред скопската публика
Аудио-визуелната инсталација „Ноксиа“ премиерно ќе биде изведена во оваа сабота (20.09), во 20 часот во надворешниот простор на локалот Books&Dogs Café во Аеродром.
Препорачано
Според авторите проектот интегрира транс-медиуми кои со поврзување на алатките на генеративната вештачка интелигенција прикажува комуникациски можности и дисфункционалности.
Дигиталнaта комуникација со виртуелните соговорници е функционално истражување на аудио-визуелната инсталација која поврзува уметничко видео, звучен дизајн, актерска игра и поезија.
Инсталацијата интегрира експериментално прикажување на специфична локација (site-specific).
Автори на проектот се видео-авторката Вероника Камчевска и дизајнерoт на звук Горан Москов. Актерката Јасмина Василева ја деконструира човековата состојба, а поезијата е на авторката Елена Пренџова и Владимир Петровиќ.
Ова е почеток на серија истражувања на влијанието на алатките на вештачката интелигенција (ВИ), а како прв соговорник се анализира Chat GPT.


