Модно збогување со Вивиен Вествуд
Викторија Бекам и Кејт Мос во класичен Вивиен Вествуд стил, беа дел од погребот на едно од најголемите имиња во модната индустрија.
Препорачано

Голем број гости пристигнаа на помен службата денеска, славејќи го животот на дизајнерката Вивиен Вествуд, која почина 29 декември, минатата година.

Многумина од присутните се облекоа во нејзините класични креации, покажувајќи ги тартанските дизајни и разнобојното смело кроење.

Помен службата се одржа во Лондонската Саутворк Катедрала, а беа присутни членови на нејзиното семејство, пријатели, соработници и претставници од модниот свет.

Поранешнта членка на Спајсгрлс и дизајнерка, Викторија Бекам, носеше црн тесен фустан со висок врат, долги ракави и шлиц на ногата, додека Кејт Мос облече црн фустан со цветен дизајн и црно палто.

Вивиен Вествуд почина на 82 години, опкружена со своите најблиски во Клапам, јужен Лондон, а светот ќе ја памети како модна икона, еколошки активист и исклучителен дизајнер.


