SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

ВИДЕО+ФОТО | „Македонското Милано“ повторно дише мода и иднина преку Shtip Fashion Days

На 17 и 18 април по трет пат, стариот трговски центар во Штип се отвори за градот што не сака само да шие за други, туку и да создава нови, автентични приказни.

Периодот кој денес Штипјани со носталгија го нарекуваат „како некогаш“ е од шеесеттите до осумдесеттите години од минатиот век. Години кога градот работеше дење и ноќе, а во секое семејство постои најмалку еден член од пошироката фамилија кој бил дел од текстилната индустрија. Штип не живееше покрај текстилот, туку живееше и уште живее од него. Во Југославија, штипските фабрики беа поим за текстилните и модните трендови на Балканот, извезуваа низ цела Европа, имаа сопствено производство од памук до готов производ.

Штип беше модната престолнина на една држава што веќе не постои, па затоа модата денес за Штип како град е продолжение на текстилната традиција и начин како еден индустриски град да не остане само производствен пункт, туку и естетска лулка, во која се негува авторството и дизајнерскиот јазик.

Обидот за повторно враќање на Штип на големата сцена изминативе три години се реализира преку модниот викенд-настан Shtip Fashion Days. Изминатиот викенд, на 17 и 18 април по трет пат, подиумот во Штип во стариот трговски центар, во организација на Општина Штип, повторно се отвори за градот што не сака само да шие за други, туку и да создава нови, автентични приказни.

SFD S/S 26 / Фото: Љупче Николов
SFD S/S 26 / Фото: Љупче Николов

Третата сезона на Shtip Fashion Days (SFD) S/S 2026 се реализираше под слоганот „Прва пролет“, а кампањата беше посветена на сите оние кои некогаш молчеле кога сакале да викнат и кои се сомневале кога требало да веруваат.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Никола Патриклиски, дел од организацијата и кокреативен директор на модниот настан за „Слободен печат“ вели дека предизвикот вреди најмногу и се чувствува како да направиле нешто успешно и значајно согласно реакциите на најмладите дизајнери за платформата која ја создале.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Многу ме радува за нашата штипска приказна, што имаме дизајнери кои имаа прва ревија кај нас, па се вратија за втора со уште посериозна колекција, за дизајнерите кои имаа инсталација, па подготвија целосни колекции и волонтери кои започнуваат свои стартап бренд авантури. А нормално и сите студенти кои ги добиваат своите цвеќиња (pun intended) преку конкурсот годинава.

SFD S/S 26 / Фото: Ристе Ќандовски
SFD S/S 26 / Фото: Ристе Ќандовски

Предизвиците се неизбежни кога се подгтотвуваат големи настани, но за Никола најмоќно гориво е синхронизацијата од обединувањето:

Околу предизвиците, би издвоил еден – моментот во кој безброј променливи мора да се спојат во една единствена точка од времето: музиката, моделите, кореографијата, светлата, гостите, анимациите, пресоблекувањата…

Токму таа апсолутна синхронизација ги поместува границите на нашиот тим до крај. Ништо од тоа не би било возможно доколку и ние заедно немаме хемија и ритам кои органски се развија овие 3 години, заедно со органското развивање на настанот.

На првиот ден од SFD, Никола Патриклиски носеше впечатлива маичка. Го прашавме зошто се одлучи за истата:

Искрено многу реакции добив за маицата која ја носев на првиот ден, која е инспирирана од архивна маичка на „Диор“ со иста порака, но во целиот хаос на настанот, мојот единствен одговор беше „па нели треба да е така?“.

А, сега би кажал дека изборот беше поттикнат, не само во знак на поддршка на се што се случува локално, туку и како одговор на едно глобално движење кое загавара отфрлање на феминизмот и вредности кои ја слават еднаквоста, што за мене лично е одвратно.

Сметам дека сите треба да помогнеме да е „кул“ да веруваш и да се залагаш за еднаквост и дека е фраерски да си феминист, особено за помладите генерации, кои се ранливи на алгоритмите кои сервираат очигледни агенди.

SFD прв ден – 17 април

SFD S/S 26 / Фото: Ристе Ќандовски
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Првата вечер ја отворија најмладите. Студенти по моден дизајн во Македонија се претставија со креации инспирирани од електричното возило Kia EV. Конкурсот не беше декоративен, односно победничката доби можност наесен, на следното издание на Shtip Fashion Days, да настапи со цела своја колекција, како вистински мост што настанот го гради помеѓу идните дизајнери.

„Мојот победнички дизајн е инспирација од автомобилот ‘KIA ev4’. На модната креација доминираат сиви тонови со црн и црвен акцент, кои создаваат футуристички изглед. Дизајнот е асиметричен, во комбинација на остри линии кои оддаваат чувство на движење и брзина.

Како моден додаток сработив чанта од тркало со црвени и црни патенти, на која што се претставени бандажите на автомобилот и логото на брендот. Она што е доста каректерисѕично за овој фустан е дизајнот на текстил, на кој што е претставен дел од надворешниот изглед на автомобилот.

Искуството беше неверојатно, и ми претставува мотивација за иднината. Благодарна сум што бев дел од овој настан. За следното издание на Shtip Fashion days, подготвувам колекција, за која се надевам на уште подобри резултати и позитивни критики од страна на публиката.“ – ни рече Марија Роглева, победничката на студентскиот конкурс.

SFD S/S 26 / Фото: Ристе Ќандовски
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Стефанија Насеска ги маѓепса присутните

SFD S/S 26 / Фото: Ристе Ќандовски
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

По студентската ревија, подиумот оживеа со длабок наклон до нашето минато. Колекцијата на Насеска беше инспирирана од археолошкиот локалитет Стоби и артефактите пронајдени там. Насеска успеа да оживее еден момент од историјата и да го преточи во силуети. Секое парче носеше порака за поголема свесност кон националното богатство што го поседуваме.

SFD S/S 26 / Фото: Ристе Ќандовски
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

„Пред сè, морам да им честитам на сите од организацијата на Shtip Fashion Days за уште една успешно организирана сезона. Веќе се осеќам како дома кога настапувам тука.

Се познавам со дел од организаторите и знам колку многу работат и се трудат за сè да биде како што треба. Настан кој ја живее својата трета сезона, а веќе делува како да се организира со години.

Знам дека во позадина се луѓе со отворени погледи кон светот и, со моето скромно искуство во странство, комотно можам да кажам дека стојат рамо до рамо со светски модни настани. Само нека продолжат така, а јас ќе бидам тука за поддршка секогаш“, вели Насеска за „Слободен печат“.

„Јас сум веќе позната како дизајнер кој твори на теми поврзани со Македонија, затоа што, како уметник, сметам дека промоцијата на мојата татковина е најголемото благодарам што можам да ѝ го кажам.

Конкретната порака на колекцијата ‘Стоби’ беше дека треба да станеме што е можно посвесни за културното наследство што го поседуваме и да започенеме уште повеќе да го цениме и вреднуваме, и сè повеќе гласно да зборуваме за него, затоа што само така се гради една здрава држава.

Повик кон државата да инвестира многу, многу повеќе во археологијата и да се покренат уште многу ископувања на различни локалитети, затоа што тоа е нешто со што треба да се гордееме.

Не постои друга земја на светот со толку многу затрупана историја, а историјата е нашата лична карта. Кога знаме кои сме, не постои сила на светот што може да ни оспори, затоа што пред фактите и боговите молчат.“, ни изјави Насеска за нејзиното творештво кое буквално ги доби сите симпатии на присутните во Штип.

SFD S/S 26 / Фото: Ристе Ќандовски
SFD S/S 26 / Фото: Ристе Ќандовски

„Не само за мене, туку за целата наша држава, Штип е еден културен центар на истокот и историјата го потврдува тоа, лидер во текстилната индустрија или, како што штипјани милуваат да кажат – македонското Милано.

Капацитетот за развој на текстилот кој го нуди овој град е од огромно значење за модниот бизнис, но сметам дека е потребно дополнително ослободување од стегите на ЛОН производството, проширување на погледите кон светската мода и ослободување на умот од локалното размислување.

Како и итно акцентирање и поддршка на дизајнот и автентичноста која ја нудат македонските модни дизајери…“, ни потенцира Насеска.

Ghost by Alex

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Првата вечер ја затвори Ghost by Alex со колекција што ја пренесе публиката во свет каде ништо не е она што изгледа преку внимателно осмислена симбиоза помеѓу елеганцијата и урбаната слобода, секоја силуета раскажуваше сопствена приказна. Ghost застана зад визијата дека границите се само илузија.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Вечерта ја заокружи коктел Shtip Fashion Days x Music Lab — неформалниот дел каде дизајнерите, моделите и публиката имаа можност да се дружат и да ги споделат импресиите.

SFD втор ден – 18 април

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Ева Давкова со „First Bloom“

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Вториот ден започна со дебито на Ева Давкова, позната по нејзините илустрации како Deva Illustrations, која го претстави своето прво модно излагање преку колекцијата „First Bloom“.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

„Штип, мојот роден град и препознатлив текстилен центар, за мене има особено значење. Иако живеам и студирам во Милано, учеството на ваков настан претставуваше голема чест и задоволство. Особено радува што градот повторно го гради својот моден идентитет преку вакви иницијативи. Организацијата беше на високо ниво, а ваквите настани имаат исклучителна важност за младите креативци, нудејќи им простор за израз и развој.

Во рамки на SFD S/S 2026, ја претставив мојата прва колекција „First Bloom“ – естетска приказна за современата жена. Колекцијата се движи помеѓу нежност и сила, преку внимателно обликувани силуети, нагласени раменици и динамични волумени. Слоевитоста и транспарентноста внесуваат суптилна интимност, додека прецизната конструкција ја задржува нејзината софистицирана моќ“ – ни изјави Ева за нејзината колекција.

MIJA Maison

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Веднаш по Давкова, MIJA ја донесе можеби најемотивната интерпретација на настанот. Низ традицијата на Лазаре и детските сеќавања, колекцијата на шапки ја истражуваше женственоста како патување.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Колекцијата беше оддавање почит на спомените и вредностите што не обликувале, a секое парче беше изработено со внимание кон материјалите, традицијата и одговорното создавање. Целата колекција беше вистински осмислен приказ на емоцијата, меморијата и одговорноста отелотворена во униканти и шик шапки.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Попладнето продолжи со Shtip Fashion Days x Music Lab x The After — преоден момент помеѓу дневната и вечерната програма, каде модата се сретна со музиката и атмосферата се подготви за финалниот блок.

Linea

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Вечерниот блок го отвори Linea, бренд според кој женственоста е најсилна во префинети форми и посветеност во изработката.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Новата колекција комбинира памук, свила, вискоза и полиестер во сатенски, жакардни и чипкани изработки со нежни цветни апликации.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Fokabo Atelier

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Пораката на новата пролет/лето 2026 колекција на Fokabo Atelier беше редефинирање на современата машка елеганција преку смелост, храброст и ведрина, а фокусот беше на кројот и материјалите.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Астибо

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

SFD се затвори со Астибо. Не е случајно што токму овој бренд беше избран за финале. Некогашниот југословенски гигант ја донесе новата пролет/лето колекција, но и најновата Astibo Corporate линија.

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

Пред да ве однесеме во бекстејџот, Никола Патраклиски ни откри дека сериозно се подготвува концептот за наредното издание SFD F/W 2026:

Насловот на кампањата засега го држиме во тајност. Она што можам да го кажам е дека продолжуваме со нашата традиција секоја сезона да се одржи на различна локација, со концепт и издание кои ќе бидат уникатни во однос на сè досега. Тоа не тера како тим да излеземе од зоната на комфорт и постојано да експериментираме.

А сега, одиме во бекстејџ, па во публика:

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов
SFD S/S 26 / Фото: Славјан Стојанов

низ публиката:

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio
SFD S/S 26 / Фото: PW Studio

 

Се гледаме на Shtip Fashion Days наесен!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот