МНР: Сите амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје

Македонско знаме на половина копје
Фото: Министерство за надворешни работи

Министерството за надворешни работи информира дека сите амбасади и мисии на земјава во странство ги спуштија знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.

– Согласно Одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Република Бугарија, во која животот го изгубија повеќе наши државјани, сите амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост, пишува на Фејсбук страната на МНР.

Истовремено, од МНР потенцираат дека сите наши амбасади и мисии имаат отворено книги на жалост, а сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во деновите на жалост се откажани.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот