Зградата на МНР - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Зградата на МНР - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МНР истражува дали амбасадорот Колев во Москва пијан предизвикал инцидент

Амбасадорот на Македонија во Руската Федерација, Ненад Колев, во алкохолизирана состојба предизвикал сообраќајна несреќа во Москва со службено возило, информира рускиот портал „Политнавигатор“, повикувајќи се на колумна на авторот Петар Давидов објавена во српскиот портал Правда. Во колумната на Давидов, насловена како „Пијана дипломатија“, меѓу другото, се пласирани и фотографии од безбедносни камери, на кои како што тврди авторот, се гледа Колев како се тетеравел, а потоа влегол во автомобил со „црни“ дипломатски таблички и предизвикал инцидент.

„Очевидци раскажуваа: прекрасен ден, менување маси во московски бар по секоја нова рунда, а потоа, трогателно, несмасно, излегување надвор. Едвај наоѓајќи излез, одговорниот дипломат излезе на улицата, каде што веќе го чекаше столб за осветлување. Стана уште поинтересно откако нивото на алкохол во крвта го надмина нивото на одговорност. Господин Колев одлучи дека одењето во таква состојба сепак не е баш џентлменски, па затоа реши да седне зад воланот на службено возило со „црни“ дипломатски таблички. Она што следуваше беше повеќе како обид да се урне рекордот по број сообраќајни прекршоци отколку возење. Полукружното свртување преку двојна непрекината линија на тивка московска улица изгледаше само како загревање“, пишува Давидов во колумната во која доминира изразен проруски и анти-НАТО наратив.

„Слободен печат“, со цел да ги провери наводите изнесени во колумната на Давидов, се обрати до Министерството за надворешни работи со прашање дали се точни информациите, а ако се точни, дали министерот Тимчо Муцунски е запознаен со нив и што ќе преземе. Одговор официјално не добивме.

Неофицијално, од МНР ни рекоа дека го истражуваат случајот и дека се во комуникација со амбасадорот, но не можат да кажат или да соопштат став додека не ги добијат сите детали.

„Ќе разговараме со амбасадорот и бараме целосна информација, поткрепена со документи, од типот записник од полиција и слично – ни изјавија од МНР.

Ненад Колев е дипломат од кариера, кој во МНР извршувал разни должности од 1997 година. Тој беше македонски амбасадор во Виена пред да замине на служба во Москва во 2023 година.

Кузмановска од МНР рече дека министерството го почитува правото на самоодбрана, но не и за Иран: „Го поддржуваме и правото на водење војни“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот