Од МНР велат дека македонските и грчките институции се во постојана комуникација за вчерашното убиство во Ханиоти

МНР

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека македонската Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со грчките институции околу вчерашното убиство на Ханиоти.

Според информациите кои МНР ги добило од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност.

Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот