Младите се далеку од Новак и Рафа

EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер веќе 15-тина години сè уште се доминантна сила во светскиот тенис. Големата тениска тројка доминира на големите турнири, редовно победуваат на Гран слем турнирите или на Мастерсите, притоа некојпат дозволуваат изненадување .

Иако од младата генерација има искучително талентирани тенисери, Виландер, смета дека тие се уште го немаат менталитетот на големите шамиони.

– Мислам дека Доминик Тим има потенцијал да триумфира на Ролан Гарос годинава. И Стефанос Циципас може да им создаде големи проблеми на великаните Новак, Рафа и Роже. Но вистинското прашање е дали некој од младите може да ги победи најдобрите двајца или тројца тенисери на еден турнир и тоа во три сетови. Кога ги слушам најдобрите тенисери, имам впечаток дека тие размислуваат само за дуелот кој го имаат тој ден, одат чекот по чекор. Ги почитуваат противниците, а тоа не го гледам кај младите тенисери. Младите постојано зборуваат за нервите и за тоа како ќе го освојат својот прв Гран Слем. Тоа не оди така. Видете ги Новак и Рафа, тие постојано велат „Тука сме важни само јас и ти“. Ретко се слуша од нивните усти дека уште во првата недела од турнирот да велат дека ќе го освојат – вели Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот