Митревски: Фарски Острови беше еден од помалку посакуваните противници, но ќе влеземе како фаворити

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На денешната ждрепка за мундијалскиот бараж, репрезентацијата на Македонија немаше многу среќа и за противник ја доби селекцијата на Фарски Острови која на овогодинешното Европско првенство беше најпријатното изненадување. Селекторот Лазаров е свесен за квалитетот на противникот, а слично мислење има и голманот Никола Митревски.

Митревски во изјавата по ждребот призна дека Фарски Острови биле еден од помалку посакуваните противници, меѓутоа и напомена дека Македонија ќе влезе како фаворит во двомечот.

“Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања”, изјави Митревски.

Во првиот натпревар од двомечот Македонија ќе игра како гостин во Торшван на 8/9 мај, додека на 11/12 истиот месец ќе бидеме домаќини.

Немавме среќа: За место на Светското првенство ќе играме против Фарски Острови

Лазаров за двомечот со Фарски Острови: Добивме неатрактивен, но квалитетен противник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот