Лазаров за двомечот со Фарски Острови: Добивме неатрактивен, но квалитетен противник

Фото: EPA-EFE/Christopher Neundorf

Репрезентацијата на Македонија на денешната ждрепка за мундијалскиот бараж за противник ја доби селекцијата на Фарски Острови која сигурно ќе биде незгоден ривал.

Фарски Острови е репрезентацијата која беше најпријатното изненадување на овогодинешното Европско првенство, па нашите ракометари ќе имаат тешка задача.

“Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025”, изјави Лазаров.

Првиот натпревар го играме на 8/9 мај во Торшван, додека реваншот е во Скопје на 11/12 мај. Победникот од двомечот заедно со победниците од останатите парови обезбедува место на Мундијалот.

Немавме среќа: За место на Светското првенство ќе играме против Фарски Острови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот