Мистериозни дронови 17 дена летале над воена база и седиштето на ЦИА, Пентагон бил збунет

Голем број неидентификувани беспилотни летала 17 дена летале над воздухопловната база Ленгли во американската сојузна држава Вирџинија, а а американските воени власти биле збунети и не знаеле дали се работи за непријателски летала или за дронови во сопственост на луѓе кои со нив се занимаваат како хоби, објави „Вол стрит џурнал“.

Воздушниот простор над Ленгли, каде се наоѓа и седиштето на американската разузнавачка агенција ЦИА, е ограничен, а инцидентот, кој се случил во декември лани, предизвикал тревога кај воените експерти. Беспилотните летала ја прелетувале базата околу еден час по зајдисонце, пишува американскиот медиум.

Леталата не покажале непријателски намери, но секое летало во забранетата зона претставува опасност по воздушниот сообраќај, а била известена и Агенцијата за воздухопловство (ФАА).

Воздухопловните сили на САД тогаш ги потврдија беспилотните летала во соопштение, но ја минимизираа потенцијалната закана. Бројот на дронови варирал по големина и по конфигурација. На парадата со беспилотни летала сведочел и генералот Марк Кели од воздухопловните сили на САД, објави „Волстрит џурнал“.

Состојбата предизвикала двонеделни состаноци во Белата куќа, во кои биле вклучени претставници на Пентагон, вклучително и персонал од канцеларијата за НЛО и ФБИ. Според американските закони, војската смее да соборува беспилотни летала над воените бази само доколку тие претставуваат директна закана. Леталата не смеат да бидат соборени дури и кога постои сомнеж за шпионирање, иако тоа е нелегално.

Во февруари минатата година, Кина активираше безбедносно предупредување откако американските воздухопловни сили соборија сомнителен балон.

Експертите веруваа дека балонот, кој прелетал над голем американски ракетен силос, е демонстрација на сила, а не сериозен обид за собирање информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот