Мистеријата на раседите: Снимките откриваат зошто земјотресот го уништи градот Петриња, и какви поместувања настанале
Разорниот земјотрес кој на 29 декември во 12.19 часот го погоди Петриња, Сисак и околината бил околу 30 пати посилен отколку оној кој на 22 март го погоди Загреб. Но освен јачина, меѓу овие два земјотреси постои уште една клучна разлика, пишува „Јутарњи лист“.
Препорачано
Загреб се наоѓа во зоната на таканаречениците медведнички раседи, додека Петриња и Сисак се во зоната на покупскиот расед. Дали токму поместувањето на покупскиот расед е причина за страотниот потрес кој пред Нова година го срамни градот Петриња со земја?

-Веројатно е тоа така, но потребни се детални испитувања и анализи за да се потврди. Во секој случај, загребскиот и петрињскиот потрес се две различни епицентрални подрачја и немаат врска еден со друг. Сеизмичката активност на нашето подрачја оваа година е засилено. Основна причина за тоа е поместувањето на африканската плоча кон евроазиската па ни се случуваат вакви потреси на раседните плочи, објаснува за Јутарњи лист шефицата на Сеизмолошката служба Инес Иванчиќ.
Покупскиот раседен систем се протега од Јастребарскиот кон Покупскиот па речиси до Бања Лука. Активностите на тој расед не се ретки, па така во 1909 година предизвикале потрес од 5,8 степени по Рихтер, а се претпоставува дека еден сегмент на тој расед во 1969 година предизвикал земјотрес со сила од 6,4 степени кој ја уништил Бања Лука.

Се претпоставува дека потресите на тоа подрачје се случуваат подради хоризонталното придвижување на плочите една врз друга. Едноставно речено, плочите се стругаат една со друга, Исто така плочите може да се подвлекуваат.
До тоа доаѓа кога плочите ќе се судрат, а потоа една ќе се провлече под друга. Во тоа подвлекување се создава напатост во една од плочите. Кога таа напнатост ќе прекине, се ослободува енормно количество енергија која оди кон површината.
Тлото во Петриња се спушти за повеќе од 10 сантиметри
Според сателитиските снимки, тлото во Петриња поради разорниот земјотрес кој во вторникот го погоди тоа подрачје се спуштило повеќе од 10 сантиметри. Снимките на Фејбук ги објави Ален Берта, инженер за шумарство и консултант во меѓународната компанија ЦГИ задолжен за наблудување на планетите.
„Споредувајќи ги снимките од радарскиот сателит Сентинел 1 од 18.12 и 30.12 гледаме дека тлото западно од Петриња се приближило до сателитот за 44 сантиметри во најизразениот дел, додека тлото на самиот град Петриња се спуштило (оддалечило од сателитот) за 10 до 30 сантиметри“, напиша Берта.

Тој наведе дека во појасот на опасната линија Поповача, Суња, Костајница, Двор се забележува исто така придвижување од неколку сантиметри, што беше погубно за многу куќи оштетени од војната и со текот на времето.
Берта укажува дека таквото придвижување на тлото е од поголем опсег отколу при разорните потреси кои се случија во Италија пред 3-4 години.
Тој исто така потсети дека во потресот кој во март минатата годиа го погоди Загреб тлото се помести за само неколку сантиметри во самиот епицентар, додека во самиот град тоа поместување било неколку милиметри.
Хрватска ја погоди серија на земјотреси во последните денови од старата година, но тлото не се смирува и во првиот ден од новата 2021 година. Последниот силен земјотрес од 6,3 степени по Рихтер беше на 29 декември, се почувствува во целата земја и во регионот и беше дури 30 пати појак од оној од 22 март кој пак беше најјак во последните 140 години, по серијата на потреси ден претходно.


