Мистеријата на јадранскиот остров: Не земај ништо од Локрум! (ФОТО)

„Не земај ништо од Локрум. Ни перце од паун, ни ливче скинато во ботаничката градина, бидејќи она што си го зел од островот му носи несреќа на новиот сопственик.“

Фото: Слободен печат

Ова е совет на бројни дубровчани, понекогаш поттикнат од празноверие, а понекогаш од почит кон еден од најубавите острови на Јадранот.

Во текот на сезоната бротчињата постојано ги возат посетителите на Локрум, но таму никој освен чуварот не ја поминува ноќта. Штом ќе почне да заоѓа сонцето, во мислите на оние кои се запознаени со легендата се враќаат приказните за проколнатиот остров. Имало неколкумина кои се обиделе да преспијат на островот, но малубројни се оние на кои ноќните крикови на пауните не им втерале страв во коските.

Фото: Слободен печат

Наводно на Локрум бил и англискиот крал Ричард Лавовско срце. На враќање од крстоносните војни го снашло силно невреме и според легендата, спас нашол на островот. Во знак на благодарност на Дубровник му подарил златници кои сакал да ги потроши на изградба на локрумска црква. Граѓаните го убедиле дека подобра идеја е да изградат црква во Дубровник и му ветиле дека ќе обезбедат и една на островот.

Според легендите островот го проколнале бенедиктанците, неговите први сопственици и тоа откако од него ги избркала дубровничката власт.

Фото: Слободен печат

Церемонијата на проколнувањето изгледала така што опатите цела ноќ кружеле на површината на островот со наопаку поставени запалени свеќи и изговарале: Нека е проклет секој кој ќе го земе Локрум за лично уживање.

Бабичките велат дека проклетството може да се отфрли само ако се собере целиот искапен восок, што само по себе е прилично невозможно.

Кога Лудвиг Втори Баварски дошол да преноќи на островот, по враќањето оттаму бил прогласен за луд и симнат од престолот.

Ништо подобро не поминал ни надвојводата Максимилијан кој престојувал на Локрум заедно со сопругата Шарлота. Од Локрум се упатил во Мексико и се прогласил за цар, но многу брзо бил уапсен и осуден на смрт. Шарлота прво доживеала бродолом во близина на островот, а потоа полудела и умрела во дворецот Мирамара.

Сопственик станува престолонаследникот Рудолф кој на островот ја донел свршеницата Стефани. Приказните зборуваат за земјотрес и огромни бранови за време на нивното доаѓање, а во 1889 година Рудолф додека престојувал на Локрум засадил ботаничка градина, а неколку месеци подоцна во дворецот Маерлинг ја убил својата љубовница и се самоубил.

Фото: Слободен печат

Но ниту овие непријатни околности не послужиле како добра лекција.

Франц Фердинанд го резервирал Локрум за летување, но пред тоа одлучил да оди во службена посета на Сарево каде што му бил извршен атентат.

Ова се дел од приказните поради кои токму преноќувањето на оваа локација е крајна цел на бројни авантуристи кои го посетуваат островот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот