МИСЛАМ ДЕКА СИН МИ Е ПСИХОПАТ: Храбар потег на мајка го воодушеви регионот

дете куче
Илустрација

Една мајка забележала дека нејзиниот син малтретира животни, а нејзината реакција по тој повод е пример зошто сите родители треба да го следат нејзиниот пример.

„Мојот сопруг ми се лути што го однесов нашиот шестгодишен син кај психолог. Тоа го направив бидејќи видов дека малтретира животни. Ги клоца кучињата, го задави хрчакот кој го чувавме, удира со камења по птиците и се обиде да ја прободе мачката на сосетката. Маж ми мисли дека детето е само љубопитно, но не престануваше колку и да го предупредував. На шест години треба да знае што е правилно. Јас имав куче и на таа возраст немав никаков нагон да го повредам. Сметам дека тоа го прават психопати и мислам дека таков е и мојот син“, напишала искрената мајка на порталот „Исповести“.

Нејзината исповед предизвикала многу коментари, во кои едни ѝ даваат поддршка за храброста отворено да си признае себе што се случува со нејзиното дете, а други критикувале и барале вина во сопругот.

Според психолозите, шестгодишни деца би требало да се свесни кога играта преминува во насилство, особено над послабите и немоќните. Односот меѓу дете и милениче е еден од најздравите и е цврста основа за развивање емпатија и грижливост.

Во просек, дури и тригодишно дете сфаќа дека може да повреди некој помалку моќен, а кога се работи за поголемо дете тогаш мора да се бара стручна помош, бидејќи постои тенденција за малтретирање на послаби од него и во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот