Мисијата на Лејди Гага вроди со плод: Собрани 127 милиони долари преку концертот „Еден свет: Заедно дома“!

Глобалниот виртуелен концерт од дома под назив „Еден свет: Заедно дома“, кој го организираше популарната американска ѕвезда Лејди Гага собра 127 милиони долари, сума која ќе биде донирана за поддршка на здравствените работници кои се на првата линија во борба против коронавирусот.

Глобалниот добротворен концерт, беше организиран за да се подигне свеста и да се придонесе за финансирање за глобалната борба против КОВИД-19.

Организацијата „Глобален граѓанин“ и Светската здравствена организација го поддржаа настанот и се здружија со познати личности.

Овој настан е под водство на Лејди Гага, а во него беа вклучени ексклузивни настапи на бројни светски ѕвезди, меѓу кои: Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Амстронг од Green Day, Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, ФИНЕНЕС, Идрис и Сабрина Елба, Џеј Балвин, Џон Леџенд и уште многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот