Мишко Крстевски победи на Фолк фест Валандово

Фото: МИА

Во салата „Јанко Узунов“ во Валандово, викендов се одржа 36. издание на Фолк фестивалот „Валандово“, а победник е Мишко Крстевски со песната „Ема“, за која музиката, текстот и аранжманот ги потпиша Љупчо Трајковски – Фис.

Второто место, а воедно и наградата за интерпретација ја доби Елена Андоновска за пената „Ни седум неба ни седум гори“, додека, пак, Анета и групата „Молика“ го освоија третото место со песната „Букет од сомнежи“.

Андриана Ацоска ја доби наградата за најдобар дебитант, за најдобар текст Огнен Неделковски, а наградата за аранжман ја освои Дарко Илиевски.

На фестивалот беше доделена и награда за животно дело, која постхумно беше доделена на Ѓоко Дончев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот