Мишел Фајфер објави фотки без шминка, фановите воодушевени (ФОТО)

Актерката Мишел Фајфер по повод Денот на благодарноста на Инстаграм сподели форографијата без ниту грам шминка па така на своите обожаватели им го покажа својот младешки изглед и во 61-та година.

„Возбудена сум што ќе го видам моето семејство на Денот на благодарноста, но ќе ми недостасува мојата екипа од Монтреал“, напиша Мишел.

Дека актерката изгледна прекрасно и без еден тон шминка, потврдија околу две илјади коментари кои зрачеа од воодушевување.

„Поради тебе му се радувам на стареењето“, „Те обожавам, изгледаш прекрасно“, „Прекрасна и природна“…. и пишуваа во коментарите.

Ова не е нејзината прва ваква објава. Таа и претходно на своите следбеници гордо им го покажуваше својот природен изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот