„Мис карантин“ на светот за 2020 е тетовката Кристина Димитријевска (ФОТО)

Фото: Инстаграм

На првиот интернационален онлајн избор за убавина „Мис карантин“ на светот 2020 победи нашата убавица Кристина Димитријевска (24) од Тетово.

Димитријевска овој огромен успех го направи во конкуренција на  210 пријавени девојки од околу 50 држави од светот. Речиси едногласно од целото жири таа беше прогласена за најубава. Кристина успеа да освои уште една титула, за најдобро претставување.

Животот лани ѝ сервира победи на избор на убавина, и пораз на личен план. Во 2019 Кристина Димитријевска (23) од Тетово беше најфотогенична убавица на Мис Глоуб во Улцињ, а годината ја заврши како мис Балкан, на меѓународниот избор на убавина во Белград.

По навидум три години идиличен брак со поп-ѕвездата Даниел Кајмакоски во кој се роди синот Давид и семеен живот подалеку од камерите, се разведе, и повторно се врати триумфално на модните писти и во шоубизнисот.

И втората наша претставничка, Бисера Цуцулова од Скопје успеа да освои титула, Мис Интелегенција. Модното студио „Црнокрак“ освои шест титули на изборот.

Во жирито беше и Мики Црнокрак кој со GECJAN FASHION GROUP беше коорганизатор на изборот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот