Мирослав Богдановски: ДОМ е окупирана партија!

Фото: Архива/Мирослав Богдановски

Пратеникот на Демократска Обнова на Македонија, Мирослав Богдановски, кој пред две недели поднесе оставка на функцијата, се врати во Градскиот Инспекторат, од каде пред една ипол година замина во Парламент.

Овој негов чекор, присуството на ДОМ во Собранието го сведе на еден пратеник, претседателката Маја Морачанин, која него и директорката на Државниот Инспекторат за животна средина, Ана Петровска, претходно ги исклучи од партиските тела.

„Многу жалам, но ДОМ со ова раководство стана партија окупирана од недемократи и кариеристи и местото не ми е таму“, вели Богдановски. „Се уништуваат сите обиди за демократски дијалог, владее непочитување на статут и на демократски вредности.

Богдановски тврди дека на партиските собири се одземаат телефони за да не се снима, се носат лица кои лажно се претставуваат членови затскриени зад маски. „Тоа во ниту една партија во Македонија го нема“, вели екс-пратеникот. „И тоа се случува во време кога во околните земји се во подем зелените парии, а тука имаме зелена партија чијшто претседател дозволил таа од двајца пратеници да спадне на еден, неа самата.“

Според Богдановски, дел од раководството што ја поддржува претседателката одат дури до таму што се јавуваат по јавни претпријатија и инситуции за да бидат избркани од работа нивни сопартијци, неистомисленици.

Богдановски се врати во Градскиот Инспекторат: Загадувачите ќе си имаат мака со нас!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот