Миовски: Резултатот е реален, иако можевме да го затвориме натпреварот со втор гол

фото: ФФМ

Македонската фудбалска А репрезентација одигра нерешено 1:1 против Молдавија денеска во пријателскиот натпревар одигран во Анталија, Турција.

По четврти пат во историјата остваруваме реми против оваа селекција, а избраниците на селекторот Благоја Милевски за три дена ги очекува нов тест против Црна Гора.

Напаѓачот на шкотскиот клуб Абердин, Бојан Миовски донесе водство пред крајот на првото полувреме.

Имавме уште пет-шест прилики за реализација на погодок, но не искористивме ниту една, на што жали и Миовски.

– Добро го започнавме првото полувреме, имавме контрола, мислам дека теренот не ни дозволи да имаме повеќе шанси. Во второто полувреме мислам дека ги загубивме тие втори топки, тие дуели, и затоа Молдавија имаше шанси и на крајот постигна гол. Генерално мислам дека резултатот е реален, имавме и ние неколку шанси со кои можевме да го затвориме натпреварот со втор гол околу 60 минута. Но, ете за жал ние примивме гол, беше одличен гол. Продолжуваме понатаму, ова се пријателски натпревари, се воигруваме и се фокусираме за дуелот со Црна Гора во понеделник – рече Миовски.

Милевски: За жал не искористивме барем уште една од тие пет-шест прилики за гол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот