МИОА: Во администрацијата немаме експерти со аналитички вештини за преговори со Брисел

Заедно со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика се работи на предлог за привлекување на нови, млади и перспективни кадри, но и на задржување на компетентни вработени во органите на државната управа, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација, по најавата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров ќе бидат потребни четири илјади експерти за пристапните преговори со Брисел и оваа проблематика ќе биде поставена како прашање од највисок државен интерес.

Од МИОА откриваат дека во преговарачките тимови ќе мора да се обезбеди баланс меѓу компетентни административни службеници, кои имаат одлични познавања за политичкиот систем и законодавството на земјава, но и практично искуство за тоа како институциите функционираат одвнатре, од една страна, како и експерти, од невладиниот сектор и академската заедница кои ќе придонесат за надминување на аналитичките и други вештини, кои недостасуваат во јавната администрација, од друга страна.

Начините за нивно ангажирање дополнително би биле разгледувани, имајќи ги предвид буџетските капацитети на државата, а и компаративните искуства на земјите-членки од регионот кои поминале низ процесот на преговори, додаваат од Министерството за администрација.

Според нив има простор за подобрување на административните капацитети, а фокусот првенствено треба да биде ставен на континуирани обуки и надградба на вработените од министерствата и другите органи на држава кои ќе бидат вклучени во работните групи за преговори.

– Паралелно на тоа, треба да се работи на зајакнување на процедурите за вработување и унапредување на квалификувани кадри и овозможување на брз кариерен развој. Секако, треба да се воведат и мерки за мотивација, за да се спречи заминувањето на квалитетни и оспособени вработени кадри од јавниот сектор во приватниот сектор (најчесто во меѓународни организации и проекти), заклучуваат од МИОА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот