МИОА ги осуди нападите и говорот на омраза врз новинарката Милевска

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) денеска се приклучи кон осудата на нападите и говорот на омраза, искажани врз новинарката Тања Милевска.

Воедно, МИОА, како што посочува во соопштението, ги осудува нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин.

-Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој има различно мислење или став. Цврсто се залагаме за слобода на говор, но секоја злоупотреба во правец на ограничување на слободата на другиот мора соодветно да биде санкциониранa, стои во соопштението на МИОА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот