Helloquence / freerangestock.com/

Министерството за одбрана ќе купува филтри од фирма што годинава првпат учествува во тендери, а веќе склучила осум договори

Министерството за одбрана избрало две компании за набавка на резервни делови за своите возила, вредна речиси 24.400 евра, а едната од нив почнува да учествува во јавни набавки дури годинава, пишува „Фактор“.

Дел од договорот, во износ од околу 6.100 евра, му е доделен на „АНБО-ТЕК“, фирма што се занимава со трговија на мало со делови за моторни возила. Поголемиот дел од тендерот, пак, го добива „МАСТЕР СЕРВИС“, компанија која треба да обезбеди филтри за возила и еден агрегат во вредност од околу 17.460 евра.

Иако постои од 2006 година, наведува „Фактор“, компанијата „МАСТЕР СЕРВИС“ почнува да учествува на јавни набавки дури годинава, а од крајот на јули до денеска, склучила осум договори, меѓу кои три со ЈСП Скопје, со Општина Петровец, со ЈП „Комунална хигиена“, како и со Општина Градско.

Компанијата досега покажувала минимални приходи. Во 2022 година заработила околу 4.000 евра, но ја завршила годината со загуба, а слична состојба имала и во 2023 година, според платформата „Компани вол“.

Фото: „Компани вол“

Минатата година оваа компанија остварила приходи од само околу 1.600 евра, но со помали расходи успеала да прикаже добивка од околу 670 евра. Првично основана како пералница за текстил и крзнени производи, „МАСТЕР СЕРВИС“ со текот на годините ја променила својата дејност и се пренасочила кон металопреработувачката индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот