Министерството за економија ќе ја преиспитува правната основа за Иловица - Слободен печат
ВестиМакедонија

Министерството за економија ќе ја преиспитува правната основа за Иловица

Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола.

Владата на денешната седница  го задолжи Министерството за економија да ја испитува правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје на локалитетот „Иловица”, Општина Босилово и Општина Ново Село и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица”, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица”, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close