Министерство за транспорт и врски: Jа следиме состојбата во М-НАВ, но немаме надлежност да влијаеме врз интерните постапки за вработување

Синдикатот на М-НАВ со министерот Бочварски/Фото: МТВ

Министерството за транспорт и врски континуирано ја следи состојбата во М-НАВ, а од апсект на надлежности, нема законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување, ниту, пак, да влијае врз финансиската самостојност на АД М-НАВ, информираат за МИА од ресорното Министерство.

„Во неколку наврати, Министерството за транспорт и врски апелираше на соработка меѓу Синдикатот, вработените и менаџметот на Друштвото. Уште еднаш апелираме на професионалност и стручност во функционирањето на М-НАВ, притоа состојбите со административните постапки во претпријатието не смееат да влијаат на тековното работење на оваа витална институција за државата“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Нагласуваат дека авиосообраќајот во земјава мора да се одвива непречено во континуитет и без прекини и во таа насока упатуваат повик до сите инволвирани на професионлност и обавување на основната функција на Друштвото.

-Во однос на внатрешните прашања поврзани со постапките за вработување, тие треба да се решаваат институционално и доколку има забелешки на постапките тие да се водат во системот на државата, порачуваат од Министерството за транспорт и врски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот