Минатиот месец беше најтоплиот јули во светот досега

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Овој јули беше најтопол во светот, по јули 2019 година и јули 2016 година, соопштија научниците од ЕУ, пренесува Ројтерс.

Според нив, минатиот месец беше обележан со невообичаено високи температури во многу региони – од Финска до САД.

„Кога ги набљудуваме температурите во светот, гледаме промени од година во година, па дури и од месец во месец. Но, основното нешто што го гледаме е трендот на глобално затоплување“ вели Фреја Вамборг, виш научник во Службата за следење на климатските промени на ЕУ, Коперник.

„Минатиот месец беше трет најтопол јули досега во светот, по јули 2019 година и јули 2016 година. Тоа беше и втор најтопол јули во Европа, по 2010 година”, објави Коперник.

Податоците за Коперник датираат од 1950 година, но се вкрстуваат со други податоци кои датираат од средината на 19 век.

Од рекордната жештина во САД и Канада, која започна во јуни, починаа стотици луѓе и беа предизвикани голем број пожари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот