Милевски: Саудиска Арабија е одлична можност да го видиме потенцијалот на фудбалерите од нашата лига

Тренинг во Скопје пред натпреварот против Португалија во баражот за СП/26. март/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот на повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија.

Натпреварот е со цел да се провери потенцијалот со кој располагаат фудбалерите од македонското првенство, па затоа Милевски и повика само тројца фудбалери кои настапуваат надвор од Македонија.

„Ни претстои силен контролен натпревар против Саудиска Арабија, репрезентација која е во фаза на последни подготовки за Светското првенство. Ова ќе биде одлична можност за повиканите фудбалери на терен да се соочат со квалитетен противник, а ние како стручен штаб, реално да го видиме потенцијалот и квалитетот на фудбалерите кои сметаме дека се во најдобра форма во моментот во нашата лига.

Натпреварот не се игра во ФИФА термин, па затоа некои играчи кои биле во плановите на селекторот не добиле дозвола од своите клубови.

Нашата намера беше да ги повикаме и Мартин Мирчевски (ТСЦ, Србија), Марко Симоновски (Дрита, Косово), Сефер Емини (Сондерјиске, Данска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и голманот Беким Реџепи (Партизани Тирана, Албанија), но дел од нив не добија дозвола од своите клубови бидејќи натпреварот ќе се одигра надвор од ФИФА термин за пријателски мечеви, а некои се опоравуваат од повреда. Со нас ќе биде Дарко Велковски на кого му требаат натпревари за да влезе во права натпреварувачка форма, а шанса ќе добијат и Мартин Стојанов и Кристијан Тошевски. Се надеваме дека сите повикани фудаблери ќе одиграат максимално сериозно и ќе остават позитивен впечаток“.

Против Саудиска Арабија ќе играме во Абу Даби на 22. октомври, а подготовките за натпреварот ќе стартуваат на 17. октмври на тренинг центарот, „Петар Милошевски“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот