Милев: Со помалку грешки до нови успеси во европските натпревари

ОК Струмица НИКОБ доживеа елиминација во двомечот со Динамо Апелдорн/фото: facebook.com/okstrumica

Македонскиот одбојкарски првак Струмица малку недостасуваше да го елиминира холандскиот Динамо Апелдон во квалификациите на Лигата на шампионите.

По поразот на првиот меч со 3:0, на реваншот во Скопје нашиот претставник триумфираше со 3:1, по што патникот за следната фаза се одлучуваше во „златниот сет“ во кој ривалите беа подобри со 15:13.

Струмичани ќе го продолжат меѓународниот настап сезонава во октомври во Купот на ЦЕВ каде за противник го имаат хрватскиот составот на Мурса од Осиек.

Еден од најискусните играчи на тимот, Владо Милев се надева на нови позитивни резултати во следниот период.

– Одигравме добар натпревар, беше еден доста тежок натпревар. Среќен сум што бевме подобри во мечот, ова е еден прв чекор на нашата клупска одбојка, со намера да го подигнеме нивото. Немавме среќа во „златниот сет“, ни недостасува искуство, воиграност. Имаме нова екипа, сметам дека имаме перспектива. Доколку работиме добро, и доколку се посветиме, да ги поправиме грешките, мислам дека можеме да се радуваме на успеси во понатамошните натпревари од европските купови – вели Милев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот