Фото: Принтскрин / Инстаграм / Фејсбук

Милан Мариќ со потресни зборови се збогува од Жарко Лаушевиќ: Никогаш не сум напишал вакво нешто, тешко ми е

Српскиот актер Жарко Лаушевиќ почина денеска по кратко и тешко боледување. Тој имаше 63 години. Веста за неговата смрт ја соопшти сопругата Анита Лаушевиќ.

Во текот на целиот ден, покрај семејството и пријателите, од легендарниот актер се збогуваат и многу познати личности како, Милан Раониќ, Светислав Гончиќ, Бранислав Лечиќ, Никола Роквиќ, Маја Николиќ…

Со потресни зборови од Лаушевиќ се прости и актерот Милан Мариќ, кој играше во серијата „Падот“, по мотивите на книгата на починатиот актер. Милан во опширно и трогателно писмо се збогува од актерот преку објава на својот инстаграм-профил.

„ Жаре, Не знам како се прави ова, никогаш не сум напишал вакво нешто. И тоа е, и тешко ми е. Дали прво треба да ти се заблагодарам? Дали треба да напишам: ‘Ти благодарам што си таков актер?’ Морам прво да напишам актер, бидејќи всушност така те запознав. Преку улоги. Запознаени преку улоги?! Колку наивно звучи, но знаете на што мислам“, започна Милан.

„Можеби сепак треба да напишам: ‘Ти благодарам што си таков колега’. Тоа звучи поблиску и поинтимно, и навистина е така. Морам да додадам дека беше прекрасен колега, полн со трпение, совети и разбирање за нас. И ти го знаеш сето тоа, сето тоа веќе ти го кажав. И не сум единствениот. А кога би напишал само ‘Жаре, благодарам’, тоа би значело дека се збогувам со тебе и како актер и како колега, но и со она што јас и ти го изградивме надвор од филмскиот сет. И тоа е всушност најтешкото нешто за кое пишувам.“, продолжи тој.

„Ќе пробам. Ти благодарам за довербата. Ти благодарам за насмевките. Ти благодарам за твоето време. Ти благодарам за поддршката. Ти благодарам за лекциите. Ти благодарам за твојата добрина. И благодарам за вашето пријателство. Можеби раѓањето на секој човек е неговиот најголем подем, сè друго е пад. Твојот Маре“, завршува пораката на Милан.

Инаку, сопругата на Лаушевиќ се огласи во име на семејството во врска со неговата смрт.

„Ја информираме јавноста дека денес, 15.11.2023 година, на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ. За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана Во име на семејството Анита Лаушевиќ“, се вели во изјавата на ужаленото семејство.

Почина Жарко Лаушевиќ, веста за смртта ја објави сопругата Анита

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот