Милан Калиниќ осуден на условна казна за тепачка во „Пионир“

Калиниќ е казнет и со парична казна од 100.000 динари, а посебен дел од казната се однесува и на одење на натпревари на Црвена Звезда.

Познатиот водител Милан Калиниќ денес во белградскиот Основен суд е осуден на десет месеци затвор, казна која ќе биде реализирана доколку во следните две години стори кривично дело.

Пресудата е за неговото учество во инцидентот на мечот Црвена звезда – Партизан кој се случи во април 2019 година.

Покрај условната затворска казна, Калиниќ е казнет и со парична казна од 100.000 динари, а посебен дел од казната се однесува и на одење на натпревари на Црвена Звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот