Милан добил над два милиони барања за влезници за вечерашното дерби

Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Вечерва се игра второто полуфинале во Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат градските ривали Милан и Интер.

Интересот на овој натпревар е огромен, а италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека домаќинот на овој натпревар добил над два милиони барања за купување на влезници.

Како што се наведува барања имало толку многу што стадионот „Сан Сиро“ можел да биде исполнет дури 26 пати. Интересно е да се напомене дека градот Милано има нешто повеќе од 1.3 милиони жители.

Претстојниот натпревар помеѓу Милан и Интер ќе биде нивни пети во европските клупски натпреварувања, Милан може да се пофали со победи на претходните четири средби. Реваншот помеѓу двата тима на програмата е на 16-ти мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот