Микропластиката создава „жаришта“ на бактерии отпорни на антибиотици

unsplash

Научниците докажаа дека бактерискиот талог што се формира околу микропластиката во отпадните води содржи гени кои промовираат антибактериска резистенција.

Истражувањето, кое е објавено во списанието „Journal of Hazardous Materials Letters“, дава дополнителни докази за штетните ефекти што може да ги предизвика микропластиката врз здравјето на луѓето и животната средина.

Пластиката е еден од дефинирачките материјали на модерниот свет. Таа е толку распространета што истражувачите сугерираат дека нејзиното присуство во рамките на глобалните археолошки формации укажува на нова глобална епоха: Антропоцен.

unsplash

Во моментов фокусот се става тоа дали микропластиката – помала од 5 милиметри – претставува значителна закана за здравјето на луѓето и животната средина. Некои истражувачи сугерираат дека сè уште нема доволно докази за да се знае какви здравствени ефекти може да има микропластиката…

Антибактериска отпорност

Иако истражувањето генерално се фокусирало на оштетување на екосистемите или здравјето на луѓето, научниците посочуваат дека постои можна поврзаност помеѓу микропластиката и антибактериската отпорност.

unsplash

Според неодамнешната студија на проф. Зулкарнаин Балох и неговите колеги објавена во списанието „Infection and Drug Resistance“, развојот и употребата на антибиотици датира во периодот меѓу 30-тите и 60-тите години од минатиот век. Оттогаш се спасени безброј животи, а антибиотиците
до ден денес сè уште се клучни за современото здравство.

Сепак, патогените микрогени се прилагодиле на некои од клучните антибиотици, развивајќи резистенција – што ги прави антибиотиците помалку ефикасни или воопшто не ефикасни. Иако развојот на одреден степен на антибактериска резистенција е наизбежен, голем број човечки фактори ја влошуваат целата ситуација.
unsplash

Според проф. Балох и неговите колеги, прекумерната популација, зголемената глобална миграција и зголемената употреба на антибиотици се меѓу главните фактори.

Според д-р Мегјан Ли, вонреден професор по хемија и наука за животната средина на Институтот за технологија во Њу Џерси, голем број студии се фокусираат на негативните влијанија од милионите тони микропластичен отпад кои годишно завршуваат во слатководната и океанска средина, но до сега, улогата на микропластиката во процесите за третман на отпадните води во нашите градови во голема мера била непозната, пишува „Medical News Today“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот