Ерлинг Халанд („Манчестер сити“)/фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Мијатовиќ: Халанд ќе игра за Реал Мадрид, не ме прашувајте како знам

Во гостувањето на ТВ „Ел Чирингито“, член на работната група на Партизан, Предраг Мијатовиќ изјави дека норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд сигурно еден ден ќе игра за Реал Мадрид.

– Халанд никогаш не го кажал тоа јавно, но од сигурни извори знам дека тој би сакал еден ден да биде играч на Реал Мадрид. Не ме прашувајте како, но знам. Да му предложивте еднаш на Халанд можност да се пресели во Реал, мислам дека немаше да има дилема – изјави Мијатовиќ.

Досега оваа сезона во Премиер лигата Норвежанецот во дресот на Манчестер сити во 25 настапи запиша 19 голови.

– Мислам дека Халанд може да игра за Реал Мадрид и тоа ќе се случи – вели Мијатовиќ.

Ваквите аквизиции се знак за признание за Реал Мадрид, па колку и да изгледа невозможно во овој момент, силата на Кралскиот клуб не треба да се потцени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот