Мијалков доби нов притвор од 30 дена, сега за случајот „Плацови на Водно“
Кривичниот совет соопшти дека го прифаќа предлогот на Обвинителството и му определува 30-дневен притвор на обвинетиот Сашо Мијалков.
Препорачано
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против С.М., обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацови на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Јавното обвинителство попладнево побара притвор за Мијалков за случајот „Плацови на Водно“, откако со одлука на Апелацискиот суд, тој беше ослободен.
Советот соопшти дека смета оти се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои опасност од бегство.
Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
10мин
-
57мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


