Михаилов: Судиските одлуки беа крајно дискутабилни, Шкендија не заслужи да победи!

Фото: facebook.com/fcshkendija

Денеска во првиот натпревар од 15 коло во Првата македонска фудбалска лига Шкендија славеше со резултат 0:2 на Градскиот стадион во Велес против Борец.

Главен судија на овој меч беше Марјан Гоцевски од Струмица, му помагаа Ѓорѓи Станковски, Кире Ангеловски и Ристе Сејменов, исто така од Струмица.

Прва лига: Шкендија и по 15 одиграни меча не знае за пораз!

Тренерот на велешани, Горазд Михаилов не беше задоволен токму од судењето чии одлуки биле на штета на неговиот клуб.

– Мислам дека незаслужено загубивме. Доколку ова е вистинската Шкендија, и се бори за шампионска титула мислам дека не заслужија да победат денеска. Тоа прво, како второ судиските одлуки на Марјан Гоцевски беа крајно дискутабилни што покажуваат и тв снимките. Конкретно, мислам на играњето со рака на Павиќ каде има очигледен пенал за нас, спорниот гол на Прелчец за кој треба дополнително да се „скенира“ што се вели дали е недозволена позиција, и конечно голот на Дориев, кој е во очигледен пасивен офсајд на почетокот на акцијата.

Ова се три ситуации кои директно влијаат на крајниот исход на мечот. Ние одиме понатаму, јас сум горд на моите фудбалери кои одиграа онака како што одигра против лидерот на табелата и покажаа што можат и за што се способни. Верувам дека во наредните мечеви ќе имаме доколку ништо повеќе реално судење, затоа што ова што денеска го видовме и доживеавме не знам на кого му оди во прилог, нека им служи на чест на судиската организација – се зборовите на Михаилов на фејсбук страницата ФК Борец-Велес.

ФОТО: За првпат четири судијки водеа фудбалски меч во Македонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот