Мицкоски: Власите секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина

Христијан Мицкоски Фото: Facebook

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска им го честита на припадниците на етничката влашка заедница 23 Мај – Националниот ден на Власите.

„На сите припадници на влашката етничка заедница, во име на ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите и ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства“, нагласи Мицкоски во честитката.

Истакна дека ова е важен ден за влашката заедница, бидејќи ја одбележува влашката култура и традиција, слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија.

„Власите во Република Македонија секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина. Се надевам дека тешките мигови кои ги наметна оваа ненародна власт во време на економска неизвесност, здравствена криза и несигурност ќе поминат. Подобри денови ќе дојдат кога оваа ненародна и неодговорна власт што поскоро си замине. Сакам да изразам надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации. Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!“, напиша Мицкоски во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот