Мицкоски: СДСМ молеа Бога да се случи коронавирусот за ВМРО-ДПМНЕ да не може да протестира со народот

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со протестите, рече од СДСМ се исплашени и оти како изговор го користат корона вирусот.

– Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал, рече Мицкоски.

На новинарско прашање истакна и дека се подготвува за утрешниот дуел со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

-Му посветувам должно внимание и серозно му приоѓам, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот