Мицкоски: Пендаровски го прекрши Уставот

Според Мицкоски, со доверувањето на мандатот, целта на Пендаровски е да му овозможи уште 20 дена преговарање на Заев за влада.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе бара од него да им ги соопшти аргументите и доказите врз основа на кои му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На прес-конференција пред партискиот штаб, Мицкоски обвини дека со доделувањето на мандатот, Уставот е прекршен, а дел од таквиот чин, според него сега е и претседателот Пендаровски зашто на Заев му го дал мандатот без тој да му приложи доказ дека обезбедил мнозинство.

Според Мицкоски, со доверувањето на мандатот, целта на Пендаровски е да му овозможи уште 20 дена преговарање на Заев за влада.

– Очекуваме и апелирам Пендаровски да не прими мене и уште еден пратеник за да разговараме за доказите со кои Заев го убедил да го добие мандатот. Бараме да ни објасни врз основа на кој доказ и документ му го довери мандатот на Заев, истакна Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш кажа дека ниту еден пратеник од неговата партија нема да им даде поддршка на Заев и СДСМ за формирање Влада.

– Изминатото деноноќие уште тројца пратеници пријавија „добронамерници” кои во име на Заев и СДСМ нудат привилегии само за да обебзедат поддршка за СДСМ, рече Мицскоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот