Мицкоски: На пратеници од ВМРО-ДПМНЕ им биле понудени шест-седум цифрени суми и ветувања за привилегии

Не би сакал сега јавно да зборувам за имињата на тие лица, тоа би било многу несериозно, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за формирањето на новата Влада.

-Врз основа на сведочењата на луѓето на кои им е пристапено, јас само предупредив дека лица пришле на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и тоа е нормално. Нормално е да се пристапи, да се рече видете ваква програма нуди СДСМ, но шест-седум цифрени бројки во странска валута и ветувања за привилегии, со понуда дека утре ви е обезбедена средба со врвот на раководството на СДСМ, тоа предизвикува згрозување кај слушателот, кој е пратеник од нашата коалиција и кај мене. Се надевам дека ова ќе бидат неуспешни епизоди кои оставаат флека на демократските процеси во државата и дека нема да се повторат, рече Мицкоски.

Тој рече дека во текот на вчерашниот ден немале средби и разговори со претставници на другите политички партии за формирање на парламентарно мнозинство, но најави дека во следните денови тоа ќе се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот