Мицкоски: Граѓаните на истокот живеат мачно, градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе излезе со јасен план и јасна стратегија како да го врати вистински животот во истокот на Македонија, рече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски при дененшата посета на Источниот регион.

– Денеска сме во Малешевијата и Пијанец, во Делчево, Берово и Пехчево и разговараме со граѓаните за нивните вистински и реални потребни, а не онаа розева слика којашто владата на СДСМ и Зоран Заев се обидуваат преку своите медиуми да им ја презентираат на граѓаните. Она што денеска го видов на пазарот  е тешкиот и мачен живот, маката што натежнала, слабиот промет, се помалку купувачи, бидејќи народот од овој крај се иселува масовно. Сретнав неколкумина кои што ми кажаа дека денеска или утре ќе  ги полнат автобусите и заминуваат во Италија, Германија. Навистина тешка слика и далеку од она кое што беше говорено за време на предизборието од страна на СДСМ и Зоран Заев, но и од страна на градоначалниците кои овде во истокот пустошат и се гушат во криминал и корупција – рече Мицкоски.

Тој доаде дека во регионот се потребни инвестиции.

– ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе излезе со јасен план и јасна стратегија како да го врати вистински животот во истокот на Македонија, да успее што повеќе нашинци да ги одврати од желбата да ги напуштат родните домови, затоа што каменот тежи тука, како што кажа еден соговорник на пазарот. Да инвестираме што е можно повеќе, да отвориме што е можно повеќе добро платени работни места, младите да останат тука затоа што тие се богатството на Македонија и богатството на истокот. Така што учиме заедно со граѓаните и разговараме, а врз основа на тоа што го учиме сакаме и да создадеме програма која нашите градоначалници во следниот четиригодишен мандат после победата на локалните избори ќе го исполнат и ќе покажат дека можело поинаку и дека не се сите исти – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот