Мицкоски за средбата со Јанкулоска: Ќе ми биде чест и некој следен викенд да имам средба со неа, таа е жртва на политички терор и тортура

Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

„Тоа се редовни средби со луѓе од партијата и од минатите, но и од сегашните раководства и тоа е пракса во изминатиов период“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со средбата кој ја оствари со Гордана Јанкуловска.

При денешната посета на Општина Брвеница на новинарско прашање, тој одговори дека Јанкуловска е жртва на политички терор и тортура, кои како што рече се правени врз нејзиното семејство.

Фото: Фејсбук/ Христијан Мицкоски

„Вчера беше ден кога таа доби заслужен викенд. Ќе ми биде чест и некој нареден викенд да имам средба. Сите оние жртви на тортура и политички реваншизам од страна на владата на СДСМ и ДУИ се добродојдени, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На критиките од страна на новинар за минатото и работата на Гордана Јнакуловска, Мицкоски со контра критики за владечката гарнитура, но и за луѓето поврзани со неа.

„Исто многу работи слушевме во минатото и многу работи слушаме и денеска како на пример семејства на политичари кои се водечки во Владата, внуци, роднини и братучеди се возат со скапи возила. Купуваат локали во центарот, како ја пљачкосуваат Македонија, тоа е жалосно, а тоа што се случувало во минатото…, ВМРО ДПМНЕ е шеста година во опозиција.Но, јас повеќе би сакал да разговарам тоа што се случува денеска и би сакал да разговарам како денеска 25 годишно момче има 35 милионски имот во Скопје во центарот, да разговарам како сватови на моќен политичар возат скапи возило, како се потрошија 200 милиони евра, а лопата не се фрли. Тоа е сегашност, тоа што било во минатото ВМРО-ДПМНЕ е 6 години во опозиција и според анкетите ВМРО-ДПМНЕ е блиску до мнозинство во следниот состав.Верувајте дека за сето ова што го зборувам ќе има одговори“, рече Мицкосски.

Во вчерашното гостување на АлсатМ Мицкоски спомна и одредени пликоа и УСБ со тајни разговори кој ги добил Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта. За содржината и денеска Мицкоски не сакаше да зборува.

„Ќе ги прашате и Талат и Ахмети за содржината на тоа УСБ и тоа плико и каков документ има тоа плико и внимателно ќе ги следам нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината оти тие добиле два од тие три документи. Јас да оставам тие да ја кажат вистината“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Општина Брвеница ги напомена неколкуте проекти во општината кои ги реализирала општината на чело со градоначалникот од неговата партија која како што истакна ќе дојде на власт и ќе ги исправи сите неправди кон пензионерите и земјоделците.

„Од власта велат дека нема простор за договор со пензионерите оти потрошија 200 милиони евра и тоа се пари кои завршуваат во приватни џебови, затоа нема пари за пензионерите. Јас повикувам на состојба во која треба да се разговара за пензионерите. Јас ги повикувам на средби пензионерите, но се надевам дека власта ќе се вразуми оти инфлацијата и скапиот живот кој се случува го уништува на дневна основа животот на пензионерите.Земјоделците за оваа Влада се маргинала група, но добро е што набрзо оваа Влада ќе оди во опозиција, а на нашата Влада во фокус ќе им бидат земјоделците за да произведуваат домашни производи, а дел бидат и за извоз“, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот