Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук / скриншот

Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2 денари и иста цена или минимално покачување на дизелот

Оваа мерка која што ја донесовме има рок од две недели, го дава својот ефект

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска рече дека очекува во понеделник Регулаторната комисија да соопшти помали цени за бензините, и непромената или минимално зголемена цена за дизел горивата.

-Врз основа на нашите пресметки, очекуваме во понеделник да имаме околу 2 денари намалување на цената за бензините со 95 и 98 октани, имајќи го предвид просекот од оваа недела, од понеделник до петок, и иста цена или можеби половина да има зголемување на дизелот. Така што, намалувањето на ДДВ, директно имплицира позитивен ефект. Еве, кога ќе се анализира цената од претходната недела, ќе имаме дури и намалување на цената на бензините и на дизелот – рече Мицкоски.

Тој рече дека и натаму не размислуваат на рестрикции и на забрани.

-Оваа мерка која што ја донесовме има рок од две недели, го дава својот ефект. После овие две недели, сега ќе ја следиме следна недела, да видиме како ќе се движи цената. Ќе ја следиме сега оваа недела, од понеделник до петок како ќе биде, ќе видиме дали има потреба, откако ќе завршат овие две недели да се продолжи мерката со намалено ДДВ на уште две недели, дали можеби ќе воведеме нова мерка со акцизата. Така што да почекаме, да видиме како ќе се движат вредностите- истакна Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот