Мицкоски лично очекува од Савески да расчисти како од затвор Катица Јанева активирала предмети, за бонусите на СЈО и врз кои докази се судело за „27 април“

Очекувам новиот јавен обвинител да излезе со јасна информација во јавноста, значи – ден тој и тој, тоа се случило – ако тоа не го направи ќе продолжиме да живееме во држава во која една група ќе биде повластена а другите ќе живеат во очај дека правдаата не важи за сите.

Новиот јавен обвинител Ненад Савески да ги извади сите предмети кои изминативе години се чувале во фиока и да анализира да се види дали има основано сомнение дека има организиран криминал, порача премиерот Христијан Мицкоски од седницата за пратенички прашања. Тој рече дека лично очекува од Савески и апелира до него да ја открие вистината како поранешната специјална обвинителка Катица Јанева додека била во затвор ги активирала предметите во судството, како се судело на група луѓе за тероризам и за бонусите на обвинителите од СЈО. Премиерот одговори на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелеска што очекува од неодамна избраниот нов државен јавен обвинител.

Силвана Ангелеска Фото: Принтскрин

Мицкоски рече дека има големи очекувања од новиот државен јавен обвинител бидејќи има информации дека голем дел од предметите доставени до обвинителството се чуваат во фиока. Тој рече дека често на седница на Влада ја анализираат работата на институциите врз основа на извештаи на Државниот завод за ревизија и ако токму ДЗР констаитира дека предмети се чуваат во фиока тогаш очекувањата се сите предмети да се извадат, да се работат и да се види дали има основано сомнение дека има организиран криминал. Дека станува збор за стотици предмети.

Христијан Мицкоски Фото: Принтскрин

-Од извештаите на ДЗР може да заклучиме дека во тие институции има сторено криминал, зошто тоа не е истражено не знам, се надевам дека новиот јавен обвинител ќе спроведе детална анализа. Лично очекувам уште две работи кои се многу важни за иднината на државата. Ако не ја откриеме вистината за тие две работи, ќе продолжиме да живееме во илузија. Прво, како волшебно затвореникот Катица Јанева предметите ги достави во судската пракса додека била во затвор. Јас нема да се смирам ако не добијам одговар како Катица повторно ги оживеа овие предмети. Ако сакаме правна држава мора да знаеме по кој закон и како Катица од затвор овие предмети ги актуелизира заедно со тогашниот државен јавен обвинител. Второ, како им се судеше на група луѓе за тероризам и врз основа на кои докази? Како се изнудуваа изјави од заштиетените сведоци и трето, за колкави бонуси станува збор за обвинителите од СЈО и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага, ако се невини нема од што да се плашат. Во име на вистината и владеењето на правото јавноста мора да ја дознае вистината се друго е дневна борба против крминалот и корупцијата. Очекувам новиот јавен обвинител да излезе со јасна информација во јавноста, значи – ден тој и тој, тоа се случило – ако тоа не го направи ќе продолжиме да живееме во држава во која една група ќе биде повластена а другите ќе живеат во очај дека правдата не важи за сите. Јавно упатувам апел до него без разлика за кого и да има сомнение за криминал, и за член од Владата, да отвори истрага и да ја истурка до крај. Не смее да има повластени- порача Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот